Од ММФ би извлекле максимум 310 милиони евра

Bez autora
Oct 21 2010

Македонија во следните две недели ќе одлучи дали ќе потпише договор со Меѓународниот монетарен фонд за понудениот кредит од 400 милиони евра. Овој заем е нов инструмент, различен од стендбај-аранжманите што ги има Фондот, а за кои Македонија не е заинтересирана. Понудата заслужува да биде разгледана и споредена со другите расположливи опции, како што се еврообврзниците. Ќе се консултираме со бизнис-заедницата и со експертите. Во следните две недели ќе одлучиме дали ќе го прифатиме овој кредит за 2011 година. Тој посочи дека заемот би ги покрил сите буџетски потреби, вклучувајќи ги инфраструктурните проекти и отплатувањата на долгот. Понудата за заемот од ММФ е добра опција, иако Владата се' уште не донела одлука дали ќе ја прифати. Но, максималниот износ на евентуално повлечените средства би бил 310 милиони евра.

Од ММФ би извлекле максимум 310 милиони евраМакедонија во следните две недели ќе одлучи дали ќе потпише договор со Меѓународниот монетарен фонд за понудениот кредит од 400 милиони евра, изјави за Ројтерс во Белград вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

„Овој заем е нов инструмент, различен од стендбај-аранжманите што ги има Фондот, а за кои Македонија не е заинтересирана. Понудата заслужува да биде разгледана и споредена со другите расположливи опции, како што се еврообврзниците. Ќе се консултираме со бизнис-заедницата и со експертите. Во следните две недели ќе одлучиме дали ќе го прифатиме овој кредит за 2011 година“, најави Ставрески.

Тој посочи дека заемот би ги покрил сите буџетски потреби, вклучувајќи ги инфраструктурните проекти и отплатувањата на долгот.

Вицепремиерот Владимир Пешевски смета дека понудата за заемот од ММФ е добра опција, иако Владата се' уште не донела одлука дали ќе ја прифати. Но, максималниот износ на евентуално повлечените средства би бил 310 милиони евра. „Она што денес се случува покажува дека ММФ сфатил дека мора и треба да биде пофлексибилен со заемите. На еден начин тоа е и потврда дека сме биле во право во изминатиот период од една и пол година кога не сакавме аранжман со Фондот“, изјави вчера Пешевски.

Тој додаде дека проектите за кои ќе се трошат парите од ММФ се добро познати, а некои се веќе започнати. Поддршката од ММФ би била во две насоки за покривање на буџетскиот дефицит, проектиран за 2,5 отсто за 2011 година и за отплаќање дел од главнината за кредитите што достасуваат в година.

Пешевски посочи дека Владата ги сака забелешките од стопанствениците, ама тие повеќе сакале нив да ги изнесуваат прво во јавноста наместо да ги насочат кон Владата и надлежните институции.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik